26 годишниот Џемајледин М. Е е убиен денеска со повеќе истрели од пиштол во главата и горниот дел од телото. Убиството се случило на улица „Александар Урдаревски“ на локалниот пат кој ги поврзува населбата Бутел и село Мирковци.
Засега не се знае кој го извршил грозоморното убиство, ниту кои се причините за тоа. Телото го пронашла 27 годишната Е.С од село Брњарци која го пријавила случајот.
Полицијата направила увид на местото на убиството, а по наредба на истражен судија над телото на починатиот денеска ќе биде извршена обдукција.
Од СВР Скопје информираат дека во доказниот материјал за испитување, земани биле траги од крв, куршум и шест чаури од испукани куршуми, како и три проектили. Се превземаат мерки за наоѓање на сторителот.