НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Учениците од денеска на распуст, од утре до 15 јуни аплицирање за упис во средните училишта

0
By Sashko on June 9, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска е последниот училиштен ден за околу 255.000 основци и средношколци во учебната 2021/22. Годината завршува во редовниот термин и покрај одложениот почеток на второто полугодие за десетина дена, поради влошената состојба со ковид-19, како и загубените 12 дена од наставата во април додека траеше штрајкот на СОНК.

Учебната 2021/22 почна со физичко присуство за сите ученици. Првпат од затворањето на 11 март во 2020 година, поради пандемијата, училиштата лани во септември беа отворени во нивниот полн капацитет, со примена на  соодветни антиковид-протоколи. Учениците ја следеа наставата со заштитни маски до пред околу два месеца кога по препорака на Комисијата за заразни болести оваа мерка за нив веќе не беше задолжителна.

Новина во учебната 2021/2022 беше Концепцијата за основно образование која почна да се применува во прво и во четврто одделение. Во наредната 2022/23 година, таа ќе продолжи да се воведува во второ и во петто одделение за што Бирото за развој на образованието изработи нови наставни програми. Планот на МОН е етапно да биде воведена во сите одделенија и за пет години деветгодишното основно образование да биде целосно реформирано.

Од утре, 10 јуни, до 15 јуни ќе трае електронското аплицирање за запишување во средните училишта. Новата дигитална услуга која ја воведува Министерството за образование и наука (МОН) од оваа година, на учениците ќе им заштеди време и ќе бидат избегнати турканици пред училиштата.

Учениците за упис во прва година средно образование првпат ќе се пријавуваат преку линк до порталот за електронски услуги на МОН https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава на нивните кориснички сметки на schools.mk.

За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен утре во 10 часот и учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) до 15 јуни во 15 часот. Системот потоа ќе биде затворен за онлајн-аплицирање.

Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16 јуни на веб-страницата на МОН (www.mon.gov.mk) и на  https://e-uslugi.mon.gov.mk  најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребената документација  до училиштата ќе биде на 16  јуни од 12 до 19 часот и на 17  јуни од 7 до 19 часот, согласно распоред што ќе го подготви секое училиште.

Речиси 16.000 матуранти, пак, в понеделник, 13 јуни, ќе го полагаат вториот дел од државната матура – изборниот екстерен испит од предметите математика, англиски јазик, германски јазик, француски јазик, руски јазик, филозофија или естетика.

Првиот екстерен испит – задолжителниот мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски) матурантите го полагаа во саботата.

Државниот испитен центар треба да ги објави резултатите од двата испита најдоцна за 30 дена. Тие што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија кога екстерните испити ќе се полагаат на 10 и на 12 август.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.