И покрај најавените контроли од УЈП, за време на видендите и во вечерните часови, некои од обврзниците воопшто не издаваат “фискални“ во периодите надвор од работното време на администрацијата, соопштува Управата за јавни приходи.
Такви случаи се регистрирани во Свети Николе (7), Дебар (7), Кривогашатани (2) и Струга (9), каде мобилните екипи на УЈП извршија контроли. Од 25 деловни објекти со неправилности, дури два воопшто не поседувале фискална опрема.
И покрај тоа што најголемиот број на затворени објекти се во Скопје (над 150), сепак според анализите од досега извршените контроли, во помалите градови е увидена поголема фискална недисциплина, како што е примерот со Свети Николе, Дебар и Крушево.