НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Укинување на малограѓанштината

0
By Нова ТВ on January 21, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Борис Камчев

Сегашните состојби во Македонија беа трагично заложени во темелите на еден авторитарен систем воспостaвен од Никола Груевски, а нездравите идеи за вертикална власт се појавија многу порано, со најавата на популистичкиот проект „Скопје 2014“.

На 24 декември 2012, со немилите случувања во Собранието, Груевски и неговата клика воспоставија диктаторски режим, и сите подоцнежни прилагодувања на политичкиот систем со режимот станаа секојдневие.

Во изминативе години власта ги зеде под своја контрола судството, изборите, медиумите, и во спрега со партизација на државата, процес кој започна во втората половина на минатата деценија, го осигура својот пат кон „храбриот нов свет“.

Малкумина од нас се свесни за тоа дека Македонија не е Јужна Кореја од времето на Пак Чон Хи или Сингапур на Ли Куан Ју, или пак Чиле на Пиноче, и затоа неможе да опстои и да се развива економски во услови на железна диктатура. Иако биле владеени од автократски системи, тие земји имаат излез на море, богати се со природни ресурси и се дестинација на стотици илјади ако не и на милиони туристи годишно.

Македонија е мала и безначајна земја, и големите сили како САД, ЕУ или Русија немаат намера да се занимаваат со нас сериозно кога светот се соочува со многу пострашни проблеми како петгодишната војна во Сирија и арапскиот бегалски бран во Европа. Посебно ужасен геостратешки проблем е и поделбата на Украина од страна на Русија и започнатиот конфликт помеѓу Москва и западните земји.

Светот е на работ на една општа дестабилизација и тука ние упаѓаме со нашите приземни нагони, блееме како овци и магариња од балканската прашина, и бараме утеха зашто сме биле обесправени од некое мало и нарцисоидно диктаторче. Затоа и ни праќаат третокласни и компромитирани дипломати од типот на Јоханес Хан, кои земаат ренти од соработката со тие диктаторчиња.

Доколку самите не го исчистиме плевелот што веќе десетина години ја урнисува нашата градина и нејзините убавини, никој друг тоа нема да го стори за нас. Деновиве препрочитувам биографија на Стив Џобс, еден од најголемите визионери на 21 век. Човекот кој го промени светот во кој живееме има кажано: „Се’ што гледаш наоколу и што нарекуваш живот е направено од луѓе кои не се поумни од тебе и можеш да влијаеш тоа да се промени. Можеш да изградиш свои нешта што ќе бидат корисни за другите луѓе“.

Нам сите треба да ни стане јасно – Груевски и неговите содружници нема да си заминат без изблик на незадоволство по улиците и плоштадите по македонските градови. Без масовен митинг пред зградите на Собрание и на Влада каков што беше оној на 17 мај 2014, еден блип, светла точка на македонскиот опозициски, граѓански и студентски активизам кои се немаат случено од осамостојувањето на земјата. Тоа треба да се повтори.

Треба да се напомене дека киевски Мајдан во зимото 2014 беше еден крвав граѓански перформанс што го укина совокот (советскиот начин на размислување и управување) во Украина. Нашиот Мајдан нема да биде со жртви и револуции бидејќи ние не сме Украинци и немаме такви деструктивни непријатели како нивите соседи Русите. Нашите безбедносни сили можат да го проценат моментот и да застанат на страната на народот коге тоа ќе затреба. А народот доаѓа, се обединува, рече доста е.

Доста со филистерството, да ги збришеме од лицето на земјата ситните политиканти, бољшевички политехнолози, лажни пропагатори, манипулатори и полтрони што власта себично ги одгледува. Таа во голема мера зависи од нив и сеуште им дава да цицаат мајчино (државно) млеко, им врачи привилегии и ги порасна во едни од најголемите штетници и предавници што некогаш Македонија ги имала.

Во Русија, во изминатите 15 години режимот на Путин стекна умешност на задржување на статус-кво и наводна стабилност до таков степен што неколку генерации се раѓаат со истапени чувства за политички ангажман и нула граѓански активизам за организирано протестно движење. Се надевам дека истиот тој народ со испран мозок нема да заживее и кај нас. Несомнено, Грујо инсталира путинизам во Македонија кој тешко може да се искорени без погоре споменатите инструкции.

Диктатурите како оние на Ердоган во Турција, на Орбан во Унгарија или на Путин во Русија, виреат поради умешноста да создаваат статус-кво. Тие се регенерираат врз привид на стабилност и наводен економски раст од кој мнозинството не гледа личен напредок за себе и за своите блиски, освен на телевизиските зомби-кутии. Не и верувајте на статистиката, не станувајте број. Разбудете се!

Македонија може да ја направиме да биде прекрасна земја, но треба едно да се знае – тоа е невозможно без воспоставување на демократски систем за учество во власта, без слободни медиуми и без говор на омраза, манипулации и лаги. И, секако, тоа нема да биде можно без независно судство и без либерализација на пазарот и подршка за домашното претприемаштво – доблести кои оваа власт ги поништи во текот на своето десетгодишно владеење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.