Синоќа во Белград бил украден автомобил марка Рено на Вождовац, близу Белград во којшто на задното седиште имало дете.
Крадецот очигледно не го забележал седумгодишното дете во автомобилот со кој заминал во непознат правец.
Мајката која кратко време се задржала во продавницата, кога излегла надвор доживеала шок – автомобилот со детето во него ги немало.
Како што објавува Блиц, сите полициски сили биле вклучени во потрагата. Половина час подоцна автомобилот заедно со детето бил пронајден. За среќа детето поминало неповредено, а крадецот успеал да и избега на полицијата.