Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, експресно одговори на твитот на Дмитриј Медведев, еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, во кој изрази дилема „дали Украина ќе постои за две години?“
Подољак во твитот го опиша Медведев како „мал човек со огромни несигурности, што шири отров кон Украина“.
„Тоа му е единствениот начин да се докаже“, напиша Подољак и додаде: „Украина била, е, и ќе ја биде. Прашањето е каде ќе биде Медведев за две години“, појасни советникот на украинскиот претседател.