Украинската фудбалска федерација (УАФ) објави дека е во финални разговори за одигрување на пријателски натпревари на репрезентацијата против Македонија и против Франција во рамки на подготовките за баражот за СП 2022, кој беше одложен во март поради руската инвазија.
„Во преговори сме за тренинг кампот со неколку земји и за одигрување на натпревари против Франција и против Северна Македонија, но повеќе информации околу тоа ќе може да објавиме подоцна, изјави потпретседателот на украинската фудбалска федерација, Олег Протасов за агенцијата Укринформ.
Украина на 1 јуни треба да ѝ гостува на Шкотска во рамки на полуфиналето од мундијалскиот бараж, додека македонската репрезентација на 2 јуни против Бугарија на гостински терен ги започнува натпреварите во Ц групата во Лигата на нации.