Најголемиот споменик на Владимир Илич Ленин во центарот на Харков – Украина, е срушен доцна синоќа.
Медиумите пренесуваат дека активисти на митингот за единство, со помош на сајли и кран ја урнале бронзената фигура на Ленин, која беше висока 8.5 метри.
Агенција УНИАН наведува дека на централниот плоштад во Харков била видлива симболиката на „Десниот сектор“, националното украинско знаме и знамето на меџлисите кримско-татарскиот народ.
Уривањето го започнале луѓе од доброволниот баталјон „Азов“ и некои од присутните носеле фантомки на главите, пишува Интерфакс.
Министерот на полицијата Арсен Аваков соопшти дека нема да има истрага во врска со настанот, бидејќи гувернерот на Харковската област Игор Балут потпишал налог за демонтажа на споменикот.
Споменикот на Ленин е подигнат во 1963 година, а неговата вкупна височина изнесуваше 20.2 метри.