Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украина ослободува нови области, сепаратистите бараат итен референдум

0
By Sashko on September 20, 2022 СВЕТ
Фото: impakter.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украина соопшти дека нејзините сили навлегле подлабоко на исток во територијата што неодамна ја напуштиле Русите, отворајќи го патот за потенцијален напад врз окупациските сили на Москва во регионот на Донбас.

„Окупаторот очигледно е во паника“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното телевизиско обраќање, додавајќи дека сега е фокусиран на „брзината“ во ослободените области, „брзината со која се движат војниците, брзината со која се обновува нормалниот живот“.

Украинскиот лидер, исто така, посочи дека ќе го искористи утрешното видео обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации за да ги повика земјите-членки да ја забрзаат испораката на оружје и помош.

„Правиме се за да обезбедиме задоволување на потребите на Украина на сите нивоа – одбранбено, финансиско, економско, дипломатско“, рече Зеленски.

Украинските вооружени сили воспоставија целосна контрола над селото Билохоривка и се подготвуваат да ја преземат целата провинција Луганск од руските окупатори, изјави гувернерот на провинцијата Сергеј Хајдај. Тоа село е на само 10 километри западно од градот Лисичанск, кој во јули падна во рацете на Русите по неколкунеделни секојдневни борби.

„Ќе има борба за секој сантиметар. Непријателот подготвува одбрана. Затоа ние нема едноставно да навлеземе“, напиша Хајдај на Телеграм.

Луганск и соседната провинција Доњецк го сочинуваат индустријализираниот источен регион Донбас, кој Москва има намера да го заземе како примарна цел на, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“ во Украина. Украинските трупи почнаа да се пробиваат во Луганск откако ги потиснаа руските сили од североисточната провинција Харков во контраофанзива овој месец.

Како знак на нервозата на московската администрација во Донбас поради успехот на неодамнешната украинска офанзива, нејзиниот лидер повика на итен референдум со цел регионот да стане дел од Русија. Шефот на руската сепаратистичка администрација во провинцијата Доњецк, Денис Пушилин, го повика својот колега, лидерот на сепаратистите во Луганск, да ги здружат напорите за подготовка на референдум за приклучување кон Русија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Криминална организација во Грција шверцувала и продавала разредено гориво – дистрибуирани над 1,34 милиони литри

September 4, 2025

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.