Франција и Германија и се заканија на Русија со дополнителни санкции ако претседателските избори во Украина на 25 мај не успеат со цел да се придвижи земјата напред.
Претседателот Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, како што се вели во соопштението се плашат од понатамошна дестабилизација на Украина.
Тие, исто така, изјавија дека референдумот планиран од страна на про-руските сепаратисти во источна Украина за понеделник ќе биде нелегален.
Тие повикаа на видно намалување на руските сили на украинската граница.
Русија е проценета од страна на НАТО дека има околу 40.000 војници во близина на границата, иако Москва вели дека тие се повлечени назад.
Привремениот претседател на Украина Олександер Турчунов, пак, предупреди референдумот би можело да резултира во “самоуништување” на регионите кои гласаат во корист на федерализација.