Наводниот прислушкуван телефонски разговор во кој висок американски дипломат ја омаловажува ЕУ во текот на украинската криза е објавен на интернет.
Глас кој потсетува на помошник-државниот секретар на САД- Викторија Нуланд, се однесува на ЕУ со користење на пцуење, во разговор наводно со американскиот амбасадор во Украина.
САД рече дека г-ѓа Нуланд “се извини за овие коментари”, како што јавува Би-Би-Си.
Во видеото кое трае 4 мин и 10 секунди, насловено како “кукли Мајдан” на руски – референца на плоштадот во украинскиот главен град, Киев, каде што се одржуваат про-ЕУ протести со месеци. Транскрипција на целиот разговор, исто така, е објавена на руски.
Во еден момент, жената на телефон го споменува ОН и нејзината можна улога во обидот да се најде решение за украинскиот проблем
Таа вели: “Па тоа би било одлично, мислам, да ви помогнеме да ја залепиме оваа работа и ОН да помогнат да се залепи и знаеш …” Таа потоа користи збор со пцуење за ЕУ.
Мажот одговора: “Мораме да направиме нешто за да се се држиме заедно, бидејќи можете да бидете прилично сигурни дека ако почне да добива размери, Русите ќе работат зад сцената да се обидат да го торпедираат”.
Двајцата официјални претставници, исто така разговараат искрено за вфредностите на три главни Украински лидери на опозицијата – Виталиј Кличко, Арсениј Јатценјук и Олех Тјанубок.
ЕУ и САД се вклучени во разговорите за ставање крај на месеците на немири во Украина.
Масовни антивладини протести избија во Украина во крајот на ноември, откако претседателот Виктор Јанукович одби да го потпише далекусежниот договор со ЕУ за асоцијација и трговски врски- под голем притисок од Москва.
Русија е широко обвинета за интервенирање во Украина, користејќи ја својата економска сила за да го убеди г-дин Јанукович да се откаже од поблиски врски со Брисел.
Русија ги обвини Вашингтон и ЕУ за мешање во Украина.