Украинската безбедносна служба соопшти дека го уапсила проорускиот политичар Виктор Медведчук, кој претходно бил во домашен притвор поради сомнение за предавство, но побегнал неколку дена по руската инвазија, пренесува Би-би-си.
И Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави фотографија од Медведчук со лисици, а на фотографијата тој е во украинска воена униформа.
– Благодарение на СБУ беше извршена специјална операција. Добро сторено! Следат детали. Слава на Украина – напиша Зеленски на Фејсбук.
Портпаролот на Кремљ коментирал дека ја видел сликата, но не може да каже дали е оригинална, пишува Би-би-си.
Украинците тврдат и дека Путин е кум на најмладата ќерка на Медведчук, кој е лидер на Опозициската платформа за живот, најголемата опозициска партија во Украина.
Во март годинава оваа партија беше една од неколкуте кои Зеленски ги суспендираше поради наводна поврзаност со Русија.