Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинската војска потопи руски танкер со вредност од 30 милиони долари

0
By Zoran Ivanov on December 10, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинските служби со морски дрон го погодија танкерот „Дашан“ во Црното Море, брод кој веќе бил под строги меѓународни санкции.

Украинските сили го погодиле рускиот брод „Дашан“, вреден околу 30 милиони долари, користејќи морски дрон од типот „Морски бебња“, јавуваат украинските служби. Објавена е и снимка од нападот.

Погодениот танкер „Дашан“, кој претходно беше санкциониран од ЕУ, Велика Британија, Канада, Австралија и Швајцарија, украинските власти го сметаат за дел од т.н. „флота во сенка“, која наводно му помага на Кремљ да ги избегнува меѓународните санкции.

Според украински извори, морските дронови на СБУ го погодиле бродот во Црното Море, додека пловел под знамето на Коморите и се движел низ ексклузивната економска зона на Украина кон пристаништето Новоросијск.

Извор за Укринформ потврдил дека танкерот пловел со максимална брзина, со исклучен транспондер, кога бил погоден.

Станува збор за заедничка операција на 13-та Главна дирекција на Воената контраразузнавачка служба на СБУ и Украинската морнарица. Првичните информации укажуваат дека бродот е онеспособен.

Проценетата вредност на ваков танкер изнесува околу 30 милиони долари, а во едно патување пренесувал нафтени производи вредни речиси 60 милиони долари.

Заради транспорт на руски суровини и навигација со исклучен систем за идентификација, „Дашан“ веќе бил мета на повеќе меѓународни санкции.

Во последните две недели, ова е третиот онеспособен танкер од flотата во сенка што му помогнала на Кремљ да ги заобиколи меѓународните санкции – додал изворот.

 

потопи руски танкер Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

December 10, 2025

Запалена колата на обвинителка што води случај за брутално претепан активист во Србија

December 10, 2025

Огромен пожар во станбена зграда во Кина – има загинати

December 10, 2025

Кина погуби менаџер поради примање мито

December 10, 2025

Прва фото од падот на децата низ стаклениот покрив во белгиското училиште

December 9, 2025
ФОКУС

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите

ВЕСТИ December 11, 2025

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија попладнево ја објави Резолуцијата за прекинување на процесот за примање мигранти…

На денешното рочиште одбраната со многу забелешки на обвинението за кочански „Пулс“

December 11, 2025

Софија: Падна бугарската влада – премиерот Росен Жељазков поднесе оставка

December 11, 2025

Британската телевизија GBN за мигрантите: Ќе ве стационираме во Македонија, таму че можете да работите

December 11, 2025
ТИКЕР

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

December 10, 2025

Запалена колата на обвинителка што води случај за брутално претепан активист во Србија

December 10, 2025

Огромен пожар во станбена зграда во Кина – има загинати

December 10, 2025

Кина погуби менаџер поради примање мито

December 10, 2025

Прва фото од падот на децата низ стаклениот покрив во белгиското училиште

December 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.