Украински воен транспортен авион урнат е денеска во источната погранична област со Русија, соопшти Министерството за одбрана, а министерот Валериј Хелетеј вели дека ракетата можеби е испукана од Русија.
Иако проруските сили веднаш ја презедоа одговорноста за рушење на авионот Антонов-26, министерот за одбрана рече дека авионот летал на висина од 6.500 метри, што е премногу високо за да го погодат проруските сили со оружјето кое го користат, пренесува АП.
Во авионот имало 20 луѓе, но засега не ма информации за жртви. Предходно денеска, украинската војска соопштила дека го изгубила контактот со својот воен транспортен авион кај Луганск во источна Украина, каде се водат жестоки битки со проруските сили, додека прес-службата на самопрогласената Луганска Народна Република тврди дека се урнати два украински воени авиони.