Украинскиот премиер Арсениј Јацењук во парламентот рекол дека оставката ја поднесува поради распадот на владеачката коалиција и блокирање на законските иницијативи.
Како што пренесува Итар-тас, Јацењук изјавил дека тоа што се случило денска во парламентот ќе има „многу сложени, ако не и драматични последици за земјата. Дај боже да грешам“.
Според агенцијата претседателот на Врховната рада, Александар Турчинов им наложил на депутатите да почнат консултации за именување на преоден претседател на владата.
Итар-тас објавува дека оставката на премиерот значи и оставка на целиот владин состав но дека актуелниот кабинет на министри ќе работи се до формирање на коалициите во парламентот.