Украинскиот премиер Арсени Јацениук денес поднесе оставка од функцијата, објави денес украинската телевизија.
Премиерот одамна е критикуван поради доценењето на примената на реформите во земјата.
“Одлучив да ја напуштам функцијата на премиер на Украина”, изјави тој преку соопштение објавено од украинската телевизија и пренесено од агенцијата Интерфакс.
Во Парламентот уште во февруари некои пратеници почнаа да бараат оставка од премиерот по овбинувањата дека поддржува мрежи на корупција и ги саботира реформите кои ги промовираат некои министри.
Со 150 потписи во Парламентот беше барана оставка од Јацениук а истото го побара и претседателот Петро Порошенко кој изјави дека “повеќе не е доволна терапија за да се врати довербата, потребна е хирургија”.
Во период од само неколку недели падна и популарноста на Јацениук а оставка бараа и министрите од неговата влада.