Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинските демонстранти ја запоседнаа општината на Киев

0
By Нова ТВ on December 1, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

250.000 луѓе според полицијата, а 500.000 според украинската опозиција, се собрани на плоштадот на незавизноста “Мајдан Незалежности” во знак на револт против откажувањето на украинската влада да потпише договор за асоцијација и слободна трговија со Европската Унија.
Стотици манифестанти и полицајци се повредени во судирите.
Вечерва учесниците во киевските протестите ја заземаа контролата на зградата на општината на градот Киев, потврдија извори во полицијата на за новинската агенција АФП.

“Одговорните во безбедносните сили се во преговори со граѓаните кои ја запоседнаа зградата на општината и им објаснуваат дека нивните акции се нелегални и бараат од нив да ја напуштат зградата”, изјави портпаролката на полицијата, Олга Билик.
Манифестантите закачија транспарент на зградата на кој пишува “Генералштаб на Револуцијата”, јавуваат присутните новинари.

Масовните протести во улиците на Киев започнаа пред речиси една недела кога опозицијата повика на мобилизација во знак на револт против одлуката на претседателот Виктор Јанукович да не потпише клучен договор со ЕУ, кој требаше да ја зголеми трговската размена меѓу двата партнери и да ја доближи Украина до Унијата, како и да се укине визниот режим за украинските граѓани.

Еден од условите на ЕУ беше да се изгласа закон со кој ќе се пушти политичката затвореничка Јулија Тимошенко на лечење во Германија.
Мнозинството во украинскиот парламент одби да го изгласа клучниот закон, по што претседателот јавно порача дека е под притисок на Москва да не потпише договор со Европа.
Оттогаш масовни протести ја тресат оваа стратегиска земја од источното соседство на Европската Унија.

Руската агенција ИТАР ТАСС јави дека претседателот Јанукович размислува да воведе вонредна состојба во државата поради последните случувања.
ЕУ ги повика демонстрантите да протестираат мирно, а полицијата да не употребува сила. Унијата е подготвена во секој момент да го потпише клучниот договор со Украина, штом претседателот Јанукович изрази волја за тоа.

Следните редовни претседателски избори во Украина се закажани за 2015, но демонстрантите гласно бараат тоа да се случи пред време.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

81 година слободно Скопје

ВЕСТИ November 13, 2025

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и…

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.