НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинските сили чекаат оружје за контраофанзива на југот од земјата

0
By Sashko on July 5, 2022 СВЕТ
Украински војници, Фото: thedefensepost.com
Украински војници, Фото: thedefensepost.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По падот на регионот Луганск, украинските вооружени сили се распоредени на нови одбранбени позиции во регионот на Доњецк, каде што продолжуваат да ги контролираат големите градови. Истовремено, тие планираат да започнат контраофанзива на југот на земјата.

Гувернерот на Луганск, Серхи Хајдај, по повеќенеделната битка за Лисичанск кој на крајот падна под руска контрола, изјави дека битката им овозможила на украинските сили да воспостават позиции во Доњецк со цел „да ја отежнат ситуацијата за Русите таму“.

Хајдај уште еднаш побара од западните сојузници на Украина да испратат повеќе оружје, тврдејќи дека украинската армија ќе започне контраофанзива штом ќе има доволно оружје со долг дострел.

„Руската тактика ќе биде иста. Прво со артилерија ќе пукаат на се, но тешко ќе освојуваат територија“, изјави Хајдај.

Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека Украина се надева дека ќе покрене контраофанзива на југот на земјата.

Заземањето на Лисичанск, според него, е последна победа на Русите на украинска територија.

„Тоа беа градови со средна големина (Северодоњецк и Лисичанск), а за нив им требаше време од 4 април до 4 јули, тоа се 90 дена. Толку многу загуби“, рече Арестович.

„Заземањето на градовите на исток значи дека 60 отсто од руските сили сега се концентрирани таму и ќе им биде тешко да ги пренасочат кон југ, а нема повеќе сили што можат да ги донесат од Русија. Тие платија висока цена за Северодонецк и Лисичанск“, рече советникот на Зеленски.

Самиот претседател Зеленски изјави дека украинските сили продолжуваат да се борат и покрај повлекувањето од Лисичанск.

„Нашите оружени сили одговараат, возвраќаат и го уништуваат офанзивниот потенцијал на окупаторите од ден на ден. Мораме да ги скршиме. Тоа ќе биде тешка задача која бара време и натчовечки напори, но немаме алтернативи“, рече Зеленски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.