Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинските студенти се приклучија на протестите во Киев

0
By Нова ТВ on November 26, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неколку илјади украински студенти се вклучија во протестите во центарот на Киев против неочекуваната одлука на Владата да ги прекине подготовките за потпишување на Спогодбата за асоцијација со Европската унија и да се ориентира кон Русија.

Околу три илјади студенти од Киевскиот универзитет ги напуштија предавањата и излегоа на улиците во Киев, приклучувајќи се кон неколку илјади лица, кои протестираат веќе два дена на централниот плоштад.

Демонстрантите го повикаа претседателот на Украина Виктор Јанукович да ја промени одлуката и да ја потпише Спогодбата со ЕУ на самитот во Вилнус в петок.

Украина минатата недела ги прекина подготовките за потпишување на Спогодбата, откако Русија воведе трговски ограничувања и се закани со други соодветни мерки.

– Русија е причина за одлуката на Украина да се откаже од потпишувањето на договорот за асоцијација со ЕУ, призна претходно денеска украинскиот премиер Микола Азаров.

Според него, Русија предложила да биде одложено потпишувањето, кое требаше да се случи оваа недела во Вилнус и наместо тоа да започнат преговори меѓу Москва и Киев.

На прес-конференција во украинскиот главен град, Азаров истакна дека следниот месец неговата земја ќе започне преговори со Русија за изработка на патоказ за обновување на меѓусебните односи, нагласувајќи дека Киев не ги завршил разговорите со Москва за дозволување на нов руски кредит.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

81 година слободно Скопје

ВЕСТИ November 13, 2025

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и…

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.