Умерен земјотрес регистриран денеска попладне со епицентар во Грција е почувствуван во јужните и југозападните делови на Македонија.
Жителите на Битола и на Битолско претпладнево во 10.45 часот почувствуваа земјотрес.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека земјотресот со јачина од 4,5 степени според Рихтер е забележан во 12,45 часот.
Епицентарот на потресот бил 170 километри јужно од Скопје на територијата на Грција.