Уметникот од Пекинг, Лиу Болин е познат и како “невидливот човек”, бидејќи тој е во сите негови уметнички дела, стои пред очи на гледачите , но тие едноставно не можат да го видат.
Целта на Болин е да го фокусира вниманието на јавноста на одредени политички и социјални прашања, а тоа избрал да го изведе со исчезнување во позадината на неговите дела.
Кога работи, Болин стои неподвижно пред позадината во која сака да исчезне. Тој носи костум, а неговите помошници сликаат врз неговото лице и тело. Креирањето на едноставна слика може да потрае до 4 часа, а за оние комплицираните потребни се и по неколку дена.
“Ставот на уметникот е многу поважен од содржината на креацијата. Животната борба е она што може да го допре гледачот, не нечии вештини и техники “, вели Болин.