Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уметници за спас на Груевски од затвор

0
By Биљана Секуловска on March 4, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога се фалшира, тогаш е најдобро да се пее за Македонија (вмровскиот новоговор би ме поправил: Македоња), но под услов тоа блескаво уметничко дело да го изведе еден оперски пејач.

Потребно е да се вика Игор Дурловски, да приседне театрално во некој ходник на една од скалите и да ја отпее аријата со фолк мотиви “Кажи Анѓо мори, кажи душо”.  Пеачкиот кошмар неопходно е да трае исцрпувачки 1 минута и 38 секунди.

Кога велам исцрпувачки, тоа не се однесува на нечиј слушен апарат, затоа што и покрај завивањето, урнебесната комедија не се пропушта. Тоа мачилиште во кое се испуштаат крици особено е нездраво за еден така прочуен светски оперски пејач како што е директорот на Опера и балет Дурловски, кој  дефиницијата за патриотизам ја помешал со клиентелизам, врвен груевистички дострел на дел од уметниците во оваа земја.

Калиопи 

Во овој случај, тој е еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ (попознати како Марш за спас од затвор на Груевски), каде се придружиле и некои други уметници,  како на пример, една камелеонска дива како што е Калиопи.

Што изјавила таа: “Мојата професија не се знае никогаш каде ќе ме однесе, но моето срце е секогаш тука и со овој народ, поинаку не може да биде. Инаку се друго веќе имам кажано во моите песни и секако допрва ќе кажам, но она што е најважно е да пратиме порака до сите надвор од Македонија- дека ова е мирољубива земја и дека секој еден кој ја љуби својата земја тука е добредојден и благословен, истакна Калиопи”.

Мирољубивоста за која говори занесено и потресено Калиопи особено може да се докаже со секојдневните напади врз новинари, професори, интелектуалци, кои ја критикуваат власта за злоупотреби и за тоа ја информираат јавноста, заради што се нарекувани предавници, и притоа се тепани, плукани, навредувани и малтретирани.

Но, историјата познава многу уметници кои биле обземени од синдромот Лени Рифенштал, боговски надарени, кои добивале милионски третман, а за возврат имале задача да ги забавуваат масите.

Режисерот Борис Дамовски со дел од протестантите

Можеби најнадарениот миленик на Хитлер најдобро го опишува диригентот Артуро Тосканини:”На композиторот Рихард Штраус му симнувам капа, но за човекот Рихард Штраус, ја враќам повторно на главата.” Писателот Томас Ман го нарекува “композиторот на Хитлер”, додека самиот Штраус потпишува анти-Томас Ман Манифест.

Гнасењето од страна на Ман кон Штраус, предизвикува силен отпор кај голем број на луѓе, довчерашни обожаватели на композиторот, кои после откривањето на неговата нацистичка природа и минато, не можат да го поднесат неговиот живот, ниту неговите совршени дела да бидат славени.

Затоа што божествените дела понекогаш ништо не значат, тогаш кога уметноста, биографијата и моралот се ставаат на вага. Кога народот ги пали книгите на наследникот на Достоевски и Ниче (опишан од Ман), Кнут Хамсун, во знак на револт заради неговите симпатии кон нацизмот и Хитлер, сака да испрати порака: уметноста  како ништо друго може да не испрати во рајот, но таа е и дебела ортома за сите оние кои доброволно си ја врзуваат околу вратот за да си го трасираат патот во пеколот.

актерите Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски 

Каква иронија, уметниците од Маршот за спас од затвор на Груевски немаат никаква допирна точка со величествените дела, како оние на Штраус и Хамсун. Нивниот рај и пекол останува посветеноста кон груевизмот како клиентелистички мотив и тоа е се што можат да и дадат на уметноста и на оваа земја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

ВЕСТИ November 6, 2025

Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во…

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.