Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уметниците од Белгија во поддршка на мигрантите кои протестираат со глад

0
By НОВА ТВ on July 19, 2021 СВЕТ
Credit: Belga
Credit: Belga
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу двесте уметници и културни работници и порачаа на белгиската влада дека нема повеќе да ја застапуваат земјата во странство додека не се реши проблемот на мигрантите без документи кои 57 дена штрајкуваат со глад. Над 400 лица кои со години живеат и работат во Белгија без да добијат легален престој или државјанство од 23 мај штрајкуваат со глад, а денеска го започнуваат третиот ден на штрајкот со жед.

Меѓу „мигранти без документи” има луѓе кои во Белгија живеат повеќе од 30 години без регуларен статус.

Ситуацијата во црквата каде штрајкуваат се влошува од ден во ден.

Денеска културните работници и уметниците кренаа глас, меѓу нив и режисерот Жан Пјер Дарден, добитник на Златната Палма во Кан и многу други, протестираат поради отсуството на јасен и кохерентен одговор од страна на властите за статусот на овие мигранти. Белгија е една од ретките земји каде нема јасни правила за добивање легален престој и арбитрарните одлуки не се ретки во овој процес.

Властите порачаа дека нема да попуштат пред штрајкот со глад и да дозволат масовна регуларизација.

Уметниците во отворена порака до владата порачаа: “Како да продолжиме да зборуваме за светот на сцена, да даваме смисла, да забавуваме, да создаваме социјални контакти и хуманост кога во срцето на нашата земја луѓе се борат со последното оружје кое го имаат: нивниот живот?”, порачаа културните работници во знак на солидарност со штрајкувачите.

-Како без срам да кажеме дека сме белгиски уметници или техничари? Како да не се срамиме од индиректното и скриено насилство кое се врши кога треба да се регулараат луѓе без документи?, пишува Дарден со неговите колеги.

Културните работници бараат под итно владата да преземе одговорност и да им дадат јасни одговори на луѓето кои го ризикуваат својот живот со штрајкот со глад и жед.

-До тогаш одбиваме да ја застапуваме оваа земја во странство и изјавуваме дека оваа нечовечка политика не се води во наше име, изјавија уметниците.

Државниот секретар за азил и миграција Семи Махди продолжи да го нагласува својот став, велејќи дека борбата против економската експлоатација е високо на агендата на Владата, но дека тој целосно одбива да размисли за регулирање на права на групи и доби поддршка од владините партии. Сепак, наиде на критики кај левичарите.

-Ситуацијата со штрајкувачите со глад во Брисел продолжува да се влошува, а разговорите се во мирување. Со оглед на критичната ситуација повикуваме премиерот да интервенира пред да има жртви, рече претседателот на партијата Гроен, Мејрем Алмаси на Твитер.

Како одговор на критиките, Махди го замоли генералниот директор на Одделот за имиграција, Фреди Рузмонт, да ги посети мигрантите за да ја разбере нивната состојба и истакна дека сака да спречи некој да почине.

Минатата недела, Махди отвори „неутрална зона“ каде мигрантите може да добиваат информации за актуелните процедури и нивните опции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.