Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарија: Масовен протест против данок за интернет

0
By Светлана Јовановска on October 27, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе десетици илјади граѓани вчера излегоа на протест на улиците на Будимпешта за да кажат дека нема и дозволат на владата на Виктор Орбан да воведе такса за интернет.

Охрабрување да се излезе на овој протест упати, преку Твитер, дури и Европската комисија преку комесарката Нели Крос задолжена за информатичко општество: “Барам од вас да им се придружите и да ги поддржите луѓето кои се лути поради планот за интернет данок», напиша Крос.

Според комесарката оваа такса има за цел да ги скрати демократските права во Унгарија и да му помогне на Фидеш, партијата на Орбан, да се ослободи од сите кои го критикикуваат.

Владата на Орбан најави такса за употреба на интернет чиј што нацрт е готов и заминува на дебата во Парламентот. Во него се бараше воведување данок на телеком и интернет услугите за 150 форинти (0,50 евра) за секој гигабајт на трансферирана содржина. Според портпарол на ЕК, ако таксата се воведе тоа ќе значи дека трансферирање на филм ќе чини 15 евра повеќе а цела серија дури 254 евра.

По најавите за протест владата отстапи од првиот план и предложи данок од 700 форинти (2,3 евра) месечно за приватните корисници и 5.000 форинти (16 евра) за фирмите.

Министерот за еконoмија на Унгарија вели дека данокот треба са се воведе затоа што луѓето се помалку трошат на телефонски повици, мобилни или фиксни, и минуваат преку Скајп, Вајбер или други апликации и со тоа помалку плаќаат.

Но оние кои протестираа велат дека владата им ветила повисоки плати за 30 отсто на армијата и полицијата и бара начин да собере пари во државната каса.

Луѓето кои се собраа на протест не се организирани од било која партија. Иницијативата тргна од Фејсбук и Твитер. Вчерашниот протест побара од владата го смени овој план во рок од 48 часа и најави нови протести. Но веќе денес на Фејсбук се појави повик за протест кој би се одржал веќе утре.

Но според набљудувачите овој протест нема да ја натера владата да го смени планот. Во Парламентот владеачката коалиција е мнозинска а опозицицијата нема никакво влијание на одлуките што се донесуваат во законодавниот дом.

Данокот без сомнение ќе ги обесхрабри луѓето кои немаат доволно пари да користат интернет исто како и малите бизниси а многумина се сомневаат дека ова е исто така начин за владата за стави ваква пречка пред опозицијата. Дури и унгарскиот телеком е против оваа мерка која, според него, е закана и пречка за развојот на интернетот во Унгарија.

Орбан беше избран по втор пат да ја води Унгарија. И за време на првиот мандат тој беше критикуван од меѓународната заедница за недемократско однесување. Владата донесе уште тогаш мерки со кои се намалува слободата на печатот. Во август владата воведе такса за реклами која се заканува да ја затвори телевизијата РТЛ која е критична кон владата. Многумина критични новинари останаа без работа откако Орбан дојде на власт. Орбан исто така поведе кампања против невладините организации во Унгарија обвиннувајќи ги дека се странски агенти кои користат странски пари за да и наштетат на владата.

Неодамна САД воведоа забрана за влез на нивна територија на шестмина високи функционери за кои се смета дека се корумпирани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.