Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарија: Орбан побара враќање на смртната казна и ја шокираше Европа

0
By Светлана Јовановска on April 30, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Унгарскиот популистички премиер Виктор Орбан во вторникот отвори дебата за воведување на смртна казна во оваа земја. Оваа казна е тотално забранета во земјите членки на ЕУ и е еден од првите предуслови што една земја треба да ги исполни за да стане членка на ЕУ.

“Прашањето на смртната казна треба да биде вратено на дневниот ред на Унгарија”, изјави Орбан пред медиумите додавајќи дека унгарското законодавство не е доволно реперсивно и покрај тоа што е оценето како едно од најстрогите во Европа со доживотни затворски казни кои не можат да бидат скусени.

Оваа реакција на Орбан дојде по убиството на еден човек во Капосвар на југот на Унгарија а тој беше поттикнат и од барањата на екстремната десница во оваа земја.

Оваа изјава ја шокираше целата ЕУ која потсети дека повторното воведување на смртната казна ќе донесе санкции за Унгарија како суспензија на правото на глас во рамките на Советот на ЕУ.

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Мартин Шулц изјави дека побарал да разговара со Орбан за да му каже дека неговиот предлог не е одговор на проблемите а истата реакција дојде и од Европската комисија (ЕК).

“Ова е сосема спротивно на европското право и претставува варварство”, изјави австрискиот пратеник Јорг Лихтфрид во Европскиот парламент и побара од ЕУ јасно да стави на знаење дека овој предлог е тотално неприфатлив за земја членка на ЕУ. Неговата изјава предизвика силен аплауз за време на пленарната сесија на ЕП во Стразбург каде што се наоѓаше и претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер кој исто така ја поздрави оваа осуда на зборовите на Орбан.

Реакција дојде и од комесарот за човекови права на Советот на Европа: “Страшно сум загрижен поради популистичкиот тренд на политичкиот говор во Унгарија. Идејата за воведување на смртната казна за која зборуваше премиерот Орбан е некомпатибилна со унгарските обврски во рамките на Европската конвенција за човекови права и со вредностите за кои Европа се бори”, рече тој.

Откако повторно дојде на власт во 2010 година, Орбан полека но сигурно воведува мерки кои ја намалуваат слободата на медиумите, независноста на судството и одбраната на човековите права. ЕУ и унгарското граѓанско општество постојано реагираат на овие нарушувања на европските вредности врз кои е базирана европската градба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.