Унгарија попладнево прогласи вонредна состојба поради состојбата во енергетиката, а официјална Будимпешта ќе забрани извоз и ќе го зголеми производството во пресрет на грејната сезона.
Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан нареди забрана на извозот на енергенси и на тој начин ја укина повеќегодишната граница на цената на комуналните услуги за домаќинства кои користат енергија над просечното ниво на потрошувачка.
„Унгарската влада прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор“, потврди заменикот на премиерот Орбан, Гергели Гулаш.
Мерките, кои вклучуваат и план за зголемување на домашното производство на гас на две милијарди кубни метри, ќе стапат во сила од август, со цел да се обезбеди континуирано снабдување со енергија во текот на зимата, истакна Гулаш, пренесува „Ројтерс“.
Тој додаде дек ќе биде продолжено и работното време на постоечките нуклеарни постројки, како и овластувањето од владата за министерот за надворешни работи за купување на дополнителни количини на гас.