Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНХЦР загрижени за политиките на Унгарија за справување со бегалците

0
By Нова ТВ on July 3, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата при ОН одговорна за правата на бегалците, УНХЦР изрази длабока загриженост за корекциите кои ги најави Унгарија во Законот за азил кои се ставени на дебата пред Парламентот денеска.

УНХЦР бара унгарската влада да не брза со процесот без претходно да се консултира со граѓанското општество и УНХЦР за последиците кои можат да настанат.

– Донесувањето на предлозите ќе имаат уништивачки карактер за илјадници луѓе кои својата безбедност ја бараат во Унгарија, вели регионалниот претставник на УНХЦР за Централна Европа, Монтсерат Фиксас Фихе.

Бараме од унгарската Влада и јавните претставници , сите амандмани во правната рамка за барање азил, бидат во согласност со меѓународните стандарди, додаде Фихе.

И комесарот за човекови права при Европската комисија, Нилс Мужникс, изрази загриженост за политиките на Унгарија кои се однесуваат на бегалците.

– Загрижен сум за предлогот на Владата на Унгарија да се корегира Законот за азил. Доколку се прифатат измените како такви, само ќе се влоши состојбата со заштитата на бегалците во Унгарија. Наместо да им се влоши ситуацијата на оние кои бараат азил, унгарските власти треба да ја подобрат правната рамка и системот за азил, за да се справат со предизвиците од масовната миграција на луѓе кои бегаат од војни, и дека тоа ќе биде спроведено во согласност со меѓународните стандарди за човекови права, изјави тој.

Тој го повика унгарскиот Парламент да не ги донесе измените со кои би се поткопало правото на барање азил, што е еден од најголемите успеси во демократските општества.

Унграскиот Парламент денеска ја разгледува можноста по брза постапка да ги усвои предлозите.

Предлозите вклучуваат брз скрининг на барањата за азил, барателите на азил да бидат испратени во други земји, дозвола за пролонгиран престој за жени, деца и луѓе со посебни потреби.

Унгарската влада неодамна соопшти дека планира изградба на ограда на границата со Србија. И додека УНХЦР го признава правото на државите сами да ги контролираат своите граници, тие апелираат дека тоа мора да се направи на начин на кој ќе бидат заштитени правата на бегалците.

УНХЦР стравува дека оградата само ќе ја влоши ситуацијата и ќе ги втурне луѓето во рацете на шверцерите.

Унгарија во првите шест месеци од 2015 година има околу 61 000 барање за азил. Околу 80 отсто од барателите доаѓаат од земјите каде што има воени жаришта, најчесто Сирија, Авганистан и Ирак.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.