Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНХЦР бара од владите да го забрзаат напредокот и да ги решат проблемите на лицата без државјанство во светот

0
By Mirjana on November 4, 2021 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во светот, статистичките извештаи на УНХЦР избројаа 4,2 милиони лица без
државјанство во 94 држави. Земајќи предвид дека повеќето држави не
собираат податоци за лицата без државјанство, се верува дека реалната
бројка е значително повисока.

До денес, 96 држави пристапиле кон Конвенцијата на ОН за статусот на
лицата без државјанство од 1954 година, а 76 кон Конвенцијата на ОН за
намалување на бездржавјанството од 1961 година.

Повеќе дела се потребни за да се решат проблемите на милионите
лица во светот кои сè уште се без државјанство, инсистира денеска
УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, за време на одбележувањето на
седумгодишнината од почетокот на кампањата #ЈасПрипаѓам
(#IBelong) за ставање крај на бездржавјанството.

„Значителен напредок е постигнат последниве неколку години, но
владите мораат да сторат повеќе за да ги затворат правните и
процедуралните празнини кои продолжуваат да оставаат милиони луѓе
без државјанство или да дозволуваат деца да се раѓаат без
државјанство,“ рече Високиот комесар за бегалци, Филипо Гранди.
Бездржавјанството, или состојбата во која не си признаен како
државјанин на ниедна држава, влијае на милиони лица низ светот.
Лицата без државјанство често не можат да пристапат на најосновните
права, вклучувајќи ја и можноста да одат на училиште, легално да
работат, да пристапат до здравствени услуги, да стапат во брак или да
го запишат раѓањето на своето дете.

Откако УНХЦР ја започна својата кампања #ЈасПрипаѓам во 2014г. за
да привлече внимание и да крене глас за искоренување на
бездржавјанството во светот, повеќе од 400.000 лица без државјанство
во 27 држави имаат добиено државјанство, додека десетици илјади
лица во Азија, Европа, Африка и Америките сега се на патот кон
државјанство како резултат на новоусвоените законски измени.
За време на последните седум години, 29 држави пристапија на
Конвенциите за бездржавјанство, со што испратија сигнал за
политичка волја за негово искоренување.

„Нè охрабрува глобалниот залет за решавање на бездржавјанството,
кое можеме да го искорениме со усогласени напори на Државите. Но,
без да забрза напредокот, милионите лица кои остануваат лишени од
државјанство ќе бидат заглавени во безизлез и нема да можат да
пристапат на најосновните човекови права,“ рече Гранди.
Бездржавјанството има многу причини кои типично се резултат на
празнини или фалинки во законите за државјанство и начинот на кој
тие се спроведуваат. Дискриминацијата – вклучувајќи врз основа на
етникум, религија и род – е главен фактор на бездржавјанството.
Бидејќи не се препознаени како граѓани, лицата без државјанство
често се лишени од законски права или основни услуги. Ова ги прави
политички и економски маргинализирани и ранливи од
дискриминација, експлоатација и злоупотреби. Тие исто така е можно
да немаат пристап до тестирање, третман или вакцинација против
КОВИД-19, а може да имаат и ограничен пристап до поддршка или
заштита од климатските ризици.
Владите ја имаат моќта да усвојуваат правни реформи и реформи на
политиките кои можат да им помогнат на лицата без државјанство на
својата територија да добијат државјанство или да го спречат
бездржавјанството воопшто да се случи, понекогаш со еден потег на
пенкалото или со релативно проста законска измена. Тоа останува
прашање кое лесно се избегнува и решава.
Децениската кампања на УНХЦР, #ЈасПрипаѓам, бара од државите да
стават крај на бездржавјанството до 2024г.

UNHCR лица без државјанство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.