Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНИЦЕФ повикува на национална солидарност за училиштата да останат безбедни и отворени

0
By Ivana on January 26, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 УНИЦЕФ е охрабрен од препораката на Комисијата за заразни болести да се отворат училиштата за настава со физичко присуство од 1 февруари и повикува на национална солидарност за безбедно продолжување на образованието со физичко присуство во текот на целата учебна година.

Смета дека секое продолжено затворање на училиштата на државно ниво дополнително ќе го продлабочи пропуштеното учење и ќе продолжи негативно да влијае врз емотивната благосостојба на децата.

-Одлуката да се отворат училиштата за учење во живо е одлука на Владата. Свесни сме дека оваа одлука се разгледува во контекст на епидемиолошката ситуација со КОВИД-19 и сѐ поголемото разбирање на ризиците. Но, исто така мора да се земе предвид влијанието од продолженото затворање на училиштата врз учењето и благосостојбата на децата, изјави Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ.

Таа нагласи дека училиштата се основен јавен сервис, место за академско учење од клучна важност во помагање на децата да ги развијат своите потенцијали.

-Затворањето на училиштата за физичка настава поради зголемена трансмисија на КОВИД-19 во заедницата не би требало да биде прва реакција, туку тоа би требало да следи откако се исцрпени сите други алтернативи, посочи таа.

Нагласи дека учењето на далечина е алтернативна мерка која треба да се применува само како крајна мерка.

-Освен тоа, и покрај тоа што онлајн и дигиталните технологии го подобруваат искуството во учењето, долгорочно гледано тие не можат да ги заменат методите што ги користи наставникот за време на настава во живо, ниту пак можат да ги заменат дружењата со врсниците. Истражувањето со директорите, наставниците и родителите покажува дека учењето на далечина помогнало да се одржи процесот на учење кај децата, но сепак повеќе од половина наставници забележале зголемување во бројот на деца што се мачеле да го усвојат или не успеале да го усвојат она што им го предавале, рече Ди Џовани.

Покрај загубите во учење, додаде, затворањето на училиштата имаше негативно влијание врз менталното здравје на децата и го зголеми ризикот од насилство. Со примена на превентивни мерки училиштата докажаа дека се безбедно место за децата и не се главен двигател на ширење на инфекцијата во заедницата.

-Се приближуваме кон крајот на втората година од пандемијата. Во тие две години прекините во образованието траеја подолго во споредба со ограничувањата наметнати на другите сектори во земјата. УНИЦЕФ повикува на национална солидарност со децата за отворени и безбедни училишта. Централната и локалната власт треба да ја зајакнат поддршката за училиштата со неопходни ресурси за да можат да ги применуваат докажаните превентивни мерки, да го надоместат пропуштеното учење и да воведат нови програми за поддршка на менталното здравје и благосостојбата на децата,потенцира Ди Џовани.

УНИЦЕФ, порача, ја повикува јавноста да го исполни својот дел во спречување на ширење на вирусот во заедницата.

-Сите ние мора да бидеме посвесни и подисциплинирани во следењето на мерките за превенција за да може КОВИД19 да остане надвор од училиштата. Треба да продолжиме со одговорно однесување, да носиме маска, да практикуваме хигиена на рацете, да одржуваме физичко растојание, да се вакцинираме против КОВИД-19 доколку одговараме на условите за вакцинирање и да се тестираме и изолираме ако имаме симптоми, рече Ди Џовани и нагласи дека 2022 година треба да биде година во која најдобриот интерес на децата и образованието ќе бидат национален приоритет и ќе имаат предност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.