Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНИЦЕФ: Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат

0
By Нова ТВ on October 31, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во време кога земјата се соочува со зголемен број на заразени со Ковид-19 училиштата да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат кога за тоа ќе се создадат безбедни услови. Затворањето на училиштата треба да се разгледува единствено тогаш кога нема други алтернативи, повикува Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија во писмена изјава до медиумите.

-Кога се размислува дали да се укине наставата со физичко присуство треба да се направи добра проценка за придобивките наспроти ризиците имајќи ги предвид здравствените, образованите и другите социо-економски фактори. Она што со сигурност го знаеме е дека затворањето на училиштата има јасни негативни ефекти врз здравјето, образованието и развојот на децата, семејниот приход и вкупната економија, вели Ди Џовани.

Таа додава дека затворањето на училиштата не претставува значаен фактор за намалувањето на пренесувањето на вирусот и тие не се главен двигател за ширењето на Ковид-19.

-Светските примери покажуваат дека почитувањето на засилените мерки за превенција во училиштата и навременото откривање и изолирање на случаите и нивните контакти, во повеќето ситуации, досега се покажа успешно во спречувањето на растот на бројот на новозаразени. Во земјава, според податоците објавени од Министерството за образование и наука од повторното отворање на училиштата се заразиле само 0,05 проценти од учениците и 0,6 проценти од наставниците што одат во училиште со физичко присуство. Ова укажува на фактот дека училиштата веројатно не се главниот двигател на ширењето на Ковид-19, особено кога во нив соодветно се применуваат пропишаните превентивни и заштитни мерки. Освен тоа, глобалните студии за рано моделирање сугерираат дека од сите мерки за социјално дистанцирање затворањето на училиштата не претставува значаен фактор кон намалување на пренесувањето на Ковид-19 во заедницата. Исто така, досегашните студии покажуваат дека кај децата под десет години е помал степенот на распространување на вирусот отколку кај поголемите деца, пишува Ди Џовани.

СОНК вчера побара зголемување на платите за наставниците поради зголемиот број на работни часови, но и работа на наставниците кои држат часови со физичко присуство од дома. Министерката за образование и наука, Мила Царовска порача дека засега останува постојниот модел за одржување на наставата, учениците од прво до трето одделение да следат настава во физичко присуство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.