Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унковски: Јавна дебата треба да почне час поскоро

0
By Нова ТВ on August 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За потребата од обединување зборуваат сите политички и општествени фактори, но останува прашањето дали може да дојде до тоа во услови на толку јасно изразен антагонизам?

Режисерот Слободан Унковски, во интервју за Радио Слободна Европа, што во целост ќе го емитуваме в недела, вели дека кога власта зборува за обединување, всушност зборува за тоа другата страна да ги смени ставовите и да ги прифати нивните, а тоа според него не е обединување, туку предавање.

„Се зборува едната страна да се предаде, да ги напушти своите идеи, мислења и да се поклони на ставовите на другата страна, што не е соединување, туку е пораз, признавање на другата реалност, што за мене е неприфатливо. Се разбира, јас сум несреќен што македонското тело е поделено така остро како што е, по мое чувство, меѓутоа, од друга страна, сметам дека не може да се каже само – ’ајде сега ќе се смириме‘, туку мора да ги расчистиме работите. Ако не ги расчистиме во дијалог, ќе мора да ги расчистиме на друг начин, што не е добро“, вели Унковски.

Тој вели дека таа јавна дебата треба да почне час поскоро, за да не биде предоцна.

Социологот Илија Ацески е песимист дека може да дојде до такво обединување во овој момент, зашто што антагонизмите потекнуваат од највисоките политички нивоа.

„Кога еден лидер, сега да не му го споменувам името, иронизира, пазете, иронизира со оној другиот, тука е крајот, тука нема соработка, тука нема единство, тука нема ништо. Тоа влегува во, како би рекол, поединечна, лична патологија на луѓето коишто се носители на врвни партиски и државни функции“, вели Ацески за Радио Слободна Европа.

Тој вели дека нема потреба да има заеднички став за секое прашање, но мора да се постигне единство околу стратешките прашања за државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.