Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рестораните за свадби би почнале со работа кон крајот на мај, угостителите во недела ќе работат цел ден

0
By Нова ТВ on May 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не е точно дека угостителските објекти во неделите ќе работат само една смена, изјави денес министерот за економија Крешник Бектеши, појаснувајќи ги новите построги законски правила кои се предложени за работењето во неделите.

Работењето на угостителските објекти, како што појасни Бектеши, е регулирано со Законот за угостителска дејност.

„Значи, угостителските објекти ќе работат согласно постоечките законски одредби, а таму не е предвидено да се направат измени што се однесува до недела неработен ден“, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата за заем од Светска банка за проекти во образованието и за енергетска ефикасност.

Тој исто така рече дека Предлог-законот за трговија е веќе објавен на ЕНЕР и во него се предвидува трговските центри и трговците поединци да работат во неделите, а дополнително треба да плаќаат дневница повисока за 100 отсто од она што редовно го плаќаат, како и да уплатуваат два отсто од приходите што ги остваруваат во неделите трговските центри и бензиските пумпи во делот на нивните маркети. Тие средства ќе се уплаќаат во државната каса и ќе се користат за изградба на градинки.

Инаку, за оние што ќе ги прекршуваат законските одредби што се однесуваат на работењето во недела предвидени се и санкции, во Законот за работни односи, а дополнително и Пазарната инспекција согласно Законот за трговија, ќе може да врши контрола во делот на исплата на дневници, што не беше случај до сега имајќи во предвид дека таква контрола согласно законите можеше да ја води само Инспекторатот за труд.

Во врска со отворањето на рестораните за свадби и свечености, Бектеши одговори дека тие најверојатно ќе почнат да работат кон крајот на мај, но само доколку со Комисијата за заразни болести се утврди дека е тоа можно, односно дека бројот на заразени со корона вирусот се намалува.

„Секоја недела носиме полабави мерки во однос на рестриктивните мерки до сега и кои се предложени од Комисијата“, рече Бектеши.

Угостителските објекти за свадби и прослави пак најверојатно ќе почнат да работат од крајот на мај.,, Сепак, Белтеши рече дека ќе се почитува препораката што ќе дојде од Комисијата за заштита од заразни болести, а во зависност од епидемиолошката состојба и бројот на заразени.

– Ние секоја недела носиме полабави мерки. Ако тоа го дозволи ситуацијата, и овие објекти ќе може да работат по посебни протоколи“, истакна Бектеши.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

October 19, 2025
ФОКУС

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

ВЕСТИ October 20, 2025

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба…

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

October 19, 2025

Ен-би-си Њуз: Организаторите на демонстрациите против Трамп – протестираа 7 милиони луѓе на 2.700 собири

October 19, 2025
ТИКЕР

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

October 19, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.