В недела во Струмица ќе се прегласува на три избирачки места само за градоначалник.
Ваква одлука донел вчера Управниот суд кој ги отфрли трите жалби на „Сојуз за иднината“ за одлуката на Државната изборна комисија да го поништи гласањето на избирачките места 1727, 1730 и 1734 само за градоначалник на трите избирачки места кај старата Кожара“, во ООУ „Никола Вапцаров“ и во ООУ „Маршал Тито“.
Вкупниот број гласачи во овие три места е 3.255, а на гласањето на 24 март, излегле 2.553 граѓани.
Од нив, 1.436 граѓани гласале за кандидатот на СДСМ, Зоран Заев, 1.034 за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев.