Управниот суд ги одби сите 30 тужби за Куманово што ги поднесе ВМРО- ДПМНЕ на одлуката на Државната изборна комисија којашто не ги прифати приговорите на партијата за гласањето во Куманово.
Одбиени се и четирите тужби на ДУИ за општина Студеничани, каде победи кандидатот на ДПА, пренесува Макфакс.
Во саботата попладне, ВМРО-ДПМНЕ до Управниот суд поднеле и осум тужби на одлуките на ДИК за Струга и 34 тужби за општина Центар. За овие тужби, Управниот суд може да одлучува и во понеделник.
Државната изборна комисија ги одби сите приговори на партијата за општина Центар, каде повеќе гласа освои кандидатот на Сојузот за иднината, Андреј Жерновски.
За Струга во ДИК беа прифатени само два приговори на ВМРО-ДПМНЕ, коишто не го менуваат изборниот резултат во Струга, каде повеќе гласови освои кандидатот за градоначалник на ДПА, Зијадин Села.
Во Струга ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаа заеднички кандидат, но според резултатите , Владимир Кочоски освои 5000 гласа помалку од противкандидатот Села