Управниот досега одби 37 тужби на СДСМ за неправилности при гласањето во вториот круг од локалните избори a прифати само една тужба за Ѓорче Петров.
Вечерва во 21 часот истекува рокот до кога управните судии треба да се изјаснат и за останатите тужби за петнаесетина општини.
Инаку, од Управниот суд денеска потврдија дека претседателот на Судот Исамедин Лимани, вчера, околу 18 часот, самиот побарал разрешување од функцијата.
Управниот суд за вршител на должноста претседател на Судот ја назначи Виолета Богоевска, досегашен заменик претседател на Управниот суд.
Напуштањето на функцијата од страна на Исамедин Лимани дојде откако на вчерашната седница на Управниот суд со гласање на судиите беа прифатени поголем број на тужби од ВМРО-ДПМНЕ на одлуките на ДИК за гласањето во вториот изборен круг во Центар, а веднаш потоа и со прифаќањето на речиси сите тужби од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за гласањето во Струга.
„Судиите кои судат во совети по тужбите од изборите се бираат по пат на жрепка. Некои одлуки од судиите немаа врска со Законот. На ова сигнализирав и порано“, изјави Лимани по оставката.