Управниот суд прифатил шест тужби од поднесените 34 од страна на ВМРО – ДПМНЕ за изборниот процес во општина Центар, со што извесно е дека ќе има прегласувања на некои избирачки места.
Со одлуките кои Управниот суд досега ги донесе се поништуваат гласачки места на кои има регистрирано над 4 илјади гласачи, а разликата меѓу Андреј Жерновски и Владимир Тодоровиќ во вториот круг од гласањето беше 981 глас.
ДИК пред пет дена одлучи да ги отфрли како неосновани 66 приговори од ВМРО – ДПМНЕ за кандидатот на опозицијата Андреј Жерновски за градоначалник на Општина Центар.
ВМРО-ДПМНЕ до Управниот суд поднел 34 тужби за општината Центар.
Одлуката на Управниот суд е конечна.
Најголемиот дел од приговорите на ВМРО – ДПМНЕ поднесени до ДИК за прекршување на изборниот процес се однесуваа на попречувања на тајноста при гласањето и агитирање.