Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ураганот „Ијан“ опустоши делови на Флорида: Градови во мрак, улици под вода

0
By Sashko on September 29, 2022 СВЕТ
Фото: marca.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ураганот „Ијан“, кој ја зафати Флорида и беше придружен од силни ветрови и обилни врнежи од дожд, предизвика катастрофални поплави и прекин на електричната енергија низ таа американската сојузна држава.

„Ураганот, проследен од ветрови со бризина од 185 километри на час, стигна на брегот на Кајо Коста, во југозападна Флорида, во 15:05 часот по локално време (21:05 часот по средноевропско време)“, наведе Националниот центар за урагани на САД (NHC).

Иако беше во четврта категорија од можни пет на скалата Сафир-Симпсон, сега ураганот „падна“ во понизок ранг (трета категорија), но, сепак, има разорна моќ, наведува истиот извор.

„Речиси два милиона домови во Флорида останаа без струја, а повеќето од нив се наоѓаат во близина на патеката на ураганот“, јави специјализираната веб-страница PowerOutage.

Неколку окрузи во близина на местото каде што „Ијан“ удри на копното се речиси целосно без струја, наведува веб-страницата.

Градот Пунта Горда е целосно во темнина. Во текот на ноќта беа осветлени само зградите кои се опремени со генератори, а единственото нешто што се слушаше беа свирежите на ветрот и врнежите од дожд.

Во градот Наплес, во југозападна Флорида, улиците беа под вода, а поројот носеше автомобили, покажуваат снимките на телевизијата „Ем-Ес-Ен-Би-Си“.

Во градот Форт Мајерс, поплавите се толку големи што некои населби наликуваат на езера.

Оваа метеоролошка појава во текот на денот се очекува да се придвижи кон внатрешноста на копното и вечерва да пристигне над западниот Атлантик, наведе НХЦ. Со минување преку копното, ураганот треба да ослабне, но сепак може да предизвика значителна штета додека не стигне до источна Флорида, додаваат оттаму.

Гувернерот Рон Де Сантис синоќа изјави дека ова најверојатно ќе биде „еден од петте најразорни урагани што некогаш ја погодиле Флорида“.

„Ова е бура за која ќе се зборува многу години“, рече директорот на НВС, Кен Греам, на прес-конференција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данската влада ќе работи и ноќна смена за да ги следи изјавите и работата на Трамп

November 27, 2025

По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, бугарската влада го повлече нацрт буџетот за 2026 година

November 27, 2025

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025
ФОКУС

Бројот на загинати во пожарот во Хонг Конг порасна на 75 – над 300 исчезнати

ВЕСТИ November 27, 2025

Бројот на загинати во разорниот пожар што зафати блок станбени згради во Хонг Конг се…

Најмалку 65 загинати во пожарот во Хонг Конг но многумина сè уште се водат како исчезнати

November 27, 2025

Тензии во Бугарија: Демонстранти ги блокираа пратениците во парламенто – владата го повлече спорниот нацрт-буџет

November 27, 2025

Хонг Конг: Евидентирани се 44 загинати, а 279 се водат за исчезнати во големиот пожар во станбените блокови

November 27, 2025
ТИКЕР

Данската влада ќе работи и ноќна смена за да ги следи изјавите и работата на Трамп

November 27, 2025

По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, бугарската влада го повлече нацрт буџетот за 2026 година

November 27, 2025

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.