Законот за медиуми предизвика инциндент на собраниската Комисија за транспорт и врски, јавуват македонските медиуми.
По излагањето на министерот Иво Ивановски да објасни зошто го прифатил амандманот, претседателот на Комисијата Реџаил Исмаили не му дозволи на пратеникот од СДСМ Благоја Стојановски да реплицира.
Образложението на претседателот беше дека излагањето на министерот е дообјаснување и затоа нема право на реплика.
Пратениците од опозицијата не се согласија со недобивањето на реплика и неколку од нив отидоа до претседателот на комисијата Реџаил Исмаили за да протестираат. Тој ја прекина за кратко седницата, за таа подоцна да продолжи.
ВИДЕО и ФОТО: Бриф