Триесетиосум годишниот Имер Н. од скопското село Грчец е третиот етнички Албанец од Македонија кој, деновиве е убиен во Сирија, објавува порталот Алмакос , односно дека во битките во Сирија против режимот на претседателот Башар ал-Асад, бил убиен скопјанец од село Грчец.
Претходно во борбите во Сирија беа убиени имамот Сами Абдулаи од Скопје и гостиварецот Расим Зеќири. Зеќири загина како припадник на бунтовничкото движење „Јабха ел-нусрах“, поврзано со Ал каеда, а Абдулаи во судирите во Курдите во Сирија.