Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Уште еден Северџанец со корона. Ќе се помолиме да цркне“ – говор на омраза кон Марјан Забрчанец

0
By Нова ТВ on October 29, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако вчера, Марјан Забрчанец, Националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, објави на Фејсбук дека е позитивен на Ковид-19, извесен Јордан Груев со експлицитен говор на омраза кон Забрчанец на својот Твитер профил:

„Забрчанец позитивен на коронавирус. Добра вест за СДС. Уште еден Северџанец со корона. Ќе се помолиме да цркне“, стои во твитот на Јордан Груев.

Од она што може да се забележи од неговиот Твитер профил, тој живее во Мелбурн, Австралија, бил иницијатор на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во 1989 година.

Говорот на омраза е она што Јордан Груев го повторува во своите твитови. Само во последните 12 часа Груев, покрај твитот со говор на омраза кон Забрчанец, се „нафрла“ и врз пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска:

Славијанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието Добри вести се множат за СДС. Ќе се помолиме да цркне. Северџанска стока!“, пишува Јордан Груев.

Груев со експлицитен говор на омраза не одминал да коментира и за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

„Оливер Спасовски ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС. Многу добра вест. Ќе се помолиме да цркне што поскоро. Се надеваме да има еден Северџан помалку“, пишува Груев.

Груев пласира говор на омраза и за пратеникот на СДСМ од Охрид Лазе Таневски.

Во еден твит Груев повикува на убиство:

„Намален бројот на убиства во Македонија за речиси двојно помалку. Ова вест не е добра. Треба одма да се убијат што повеќе Северџани во владата“, повикува на убиство Груев.

Ако се погледне неговиот Твитер профил се забележува дека Јордан Груев е со тешко поведение и нескриен говор на омраза и кон починати. Тој во август 2020 година по смртта на Ратка Димитрова, пратеничка од првиот состав на македонскиот Парламент, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и мајката на министерот Никола Димитров, напиша:

После реакцијата на ЦИВИЛ на таквиот говор на омраза, Јордан Груев продолжи со говор на омраза и врз активистите од Цивил:

„До Цивил: И вие од Цивил да цркнете како и сите во фамилијата на Никола Димитров. Нека повели МВР“, пишува Груев.

 

Овој квази патриот од далечната Австралија покрај говорот на омраза и заканите кон претставниците на СДСМ, ја напаѓа и македонската полиција и активностите на Полицискиот синдикат:

Она што зачудува во целата оваа ситуација со извесниот Јордан Груев, е што уште го гледаме активен неговиот твитер профил, а и молкот на Обвинителството кон ваквиот говор на омраза, кој Груев го пласира на социјалната мрежа Твитер во континуитет.

преземено од: фронтлајн.мк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.