Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште еден сојузник на Путин починал „ненадејно“, откако покажал знаци на „гушење“ за време на службено патување

0
By Sashko on September 16, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оваа недела, уште еден главен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин почина оваа недела, овој пат од наводен „мозочен удар“ додека бил на службено патување во селото Рошчино во далечниот источен регион на Русија, објави Вашингтон индипендет.

Владимир Николаевич Сунгоркин (68) беше главен уредник на рускиот државен весник „Комсомолскаја Правда“. Според весникот, Сунгоркин починал „ненадејно“ откако покажал знаци на „гушење“ за време на патувањето во средата.

„Тоа се случи апсолутно ненадејно, ништо не се навестуваше. Бевме во селото Рошчино. Возевме, веќе се движевме кон Хабаровск, планиравме да стигнеме денес навечер, а од таму до Москва. Сè беше добро“, напиша неговиот колега Леонид Захаров, кој го придружуваше на службеното патување, во приказна за КП.

Според Захаров, Сунгоркин паднал во несвест неколку минути откако и предложил на нивната група „да најдат убаво место некаде… за ручек“.

„Три минути подоцна Владимир почна да се гуши. Го изведовме на чист воздух, веќе беше во несвест… Ништо не помогна. Лекарот кој го направил првичниот преглед рекол дека очигледно се работи за мозочен удар. Но, ова е првичниот заклучок“, напиша неговиот колега.

Комсомолскаја правда одамна е позната како верен про-Кремљ весник.

„Легендарната Комсомолка помина долга креативна патека низ овие години и напиша брилијантни незаборавни страници во историјата на руските медиуми“, рече рускиот претседател Владимир Путин во изјавата со која му ја честиташе 95-годишнината од првиот број на весникот во 2020 година. „Клучно е сегашниот персонал на весникот да ги пренесува овие традиции од генерација на генерација и да се стреми да ја задржи водечката позиција на весникот на рускиот медиумски пазар.

Во некролог за Сунгоркин, персоналот на Комсомолскаја Правда напиша дека новинарот дошол од скромни почетоци пред да го изгради весникот во „моќна империја“, нарекувајќи го како „симбол на новото национално новинарство“.

У «КП» много десятилетий славной истории, но при Владимире Сунгоркине газета превратилась в мощнейший холдинг:https://t.co/ytkUL3wTSf#Сунгоркин #Комсомольскаяправда #кп pic.twitter.com/VOHsAtYnsz

— @kpru (@kpru) September 14, 2022

Починувањето на Сунгоркин доаѓа во време на низа мистериозни смртни случаи на врвни сојузници на Путин овој месец. Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Сугоркин е последниот, десетти по ред член на руската елита на извршни директори, блиски соработници на Путин, кој умира ненадејно, под мистериозни околности.

Иван Печорин

Неодамна, Иван Печорин, директор за авијација на руската корпорација за развој на Далечниот Исток и Арктикот, беше пријавен мртов откако наводно „паднал од брод“ во Владивосток, според локалните руски медиуми.

Равил Маганов

Смртта на Равил Маганов, претседател на рускиот нафтен гигант Лукоил, во болница во Москва е осми случај оваа година кога руски директор за енергетика почина ненадејно и под невообичаени околности,

Леонид Шулман

Кон крајот на јануари, Леонид Шулман, главен извршен директор на рускиот гигант за природен гас Гаспром, беше пронајден мртов во бањата на куќа во селото Ленински. Руската медиумска групација РБЦ ја објави неговата смрт, но не наведе причина.

Александар Тјулаков

На 25 февруари, друг директор на Газпром, Александар Тјулаков, беше пронајден мртов во истото село како Шулман, овој пат во гаража. Според рускиот медиум Новаја Газета, истражителите пронашле белешка во близина на телото на Тјулаков.

Михаил Ватфорд

На 28 февруари, три дена по смртта на Тјулаков, рускиот милијардер со нафта и гас кој живее во Англија, Михаил Ватфорд, беше пронајден обесен во гаражата на неговиот селски имот. Во тоа време, истражителите наводно рекле дека смртта на Ватфорд била „необјаснета“, но не изгледала сомнително.

Владислав Аваев

На 18 април, поранешниот потпретседател на Гаспромбанк, Владислав Аваев, беше пронајден мртов во неговиот стан во Москва, заедно со сопругата и ќерката, кои исто така починаа. Властите го третираа случајот како убиство-самоубиство, објави тогаш Радио Слободна Европа. Газпромбанк е трета по големина банка во Русија и има блиски врски со енергетскиот сектор. Оваа теорија преживеаниот син на Аваев јавно ја отфрли.

Сергеј Протосења

На 19 април, Сергеј Протосења, поранешен заменик-претседател на Новатек, најголемиот руски производител на течен природен гас, беше пронајден мртов во викендица во Шпанија. Како Аваев во Москва, Протосења беше пронајден со сопругата и ќерката, кои исто така беа починати. И како Аваев, полицијата што го истражува местото на настанот рече дека верува дека се работи за убиство-самоубиство.

Александар Суботин

Во мај, телото на милијардерот и поранешен извршен директор на Лукоил Александар Суботин беше откриено во подрумот на селска куќа во московскиот регион. Собата во која почина Суботин наводно била користена за „јамајкански вуду ритуали“, објави рускиот државен медиум ТАСС, цитирајќи ги локалните власти.

Јуриј Воронов

Во јули, Јуриј Воронов, основач и извршен директор на бродски изведувач што ги сервисира проектите на Гаспром на Арктикот, беше пронајден мртов од очигледна прострелна рана во базен во неговиот дом во Ленински, истата елитна заедница од Санкт Петербург каде што порано истата година загинаа Шулман и Тјулаков.

Извоз: civilmedia.com

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.