Тековната кампања за претседателските избoри ќе трае уште пет дена. А, ден пред гласањето настапува изборниот молк кој ќе трае се до денот на самото гласање, 24 април.
Денес започнува и кампањата за парламентарните избори, а вчера со потпишување Кодекс за фер и демократски избори претставници на повеќето од политичките партии вчера се обврзаа дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања.