Американски федерален судија привремено го блокираше од страна на владата на Доналд Трамп планираното принудно „отсуство“ на 2.200 вработени во Агенцијата за меѓународен развој – УСАИД.
Претставници на вработените претходно поднеле тужба. Тие тврдат дека администрацијата на Трамп нема овластување да ги испрати вработените на „административно отсуство“. Судијата нагласи дека неговата забрана е само привремена додека трае судскиот спор.
Претходно оваа недела, американската влада објави дека ќе испрати на „отсуство“ голем дел од своите вработени почнувајќи од овој викенд. Сите директно вработени се на „отсуство“ од петок, 23:59 часот, со исклучок на вработените на позиции кои се неопходни и од одредени програми. Според извештаи на медиумите, американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио изјавил дека само неколку стотици вработени ќе бидат исклучени од мерката.