НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Условите за концесија на минерални суровини стануваат поригорозни

0
By НОВА ТВ on July 28, 2021 ПОЛИТИКА
фото; СДК.МК
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе основи за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини од страна на државата и зајакнати мерки за следење на наплатата на концесиски надоместоци со јасни и прецизни услови за достава на финансиска гаранција која би покрила настанати штети, доколку концесионерот не го рекултивира земјиштето кое што е деградирано со експлоатацијата, предвидуваат измените и дополнувањата на Предлог на Законот за минерални суровини, што на вчерашната седница ги усвои Владата на предлог на Министерството за економија.

Измените, како што посочи министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, се во согласност со Зелената агенда на Владата и со нив се заоструваат условите за работа на концесионерите.

-Министерството за економија во соработка со невладините организации и рударскиот сектор го доработи Предлог законот за минерални суровини кој претходно беше во собраниска постапка, но беше повлечен за доработка од страна на Министерството, со што сега текстот на законот е значително подобрен. Во изминатите неколку месеци беа направени повеќе работни средби со претставници од невладините организациии во делот на заштита на животната средина, како и со претставници на Здружението за рударство.  По консултациите со сите засегнати страни се изработени и последните законски измени кои  произлегуваат од барањата на граѓаните, но истовремено, не одат на штета на бизнис заедницата, рече Бектеши и додаде дека во нив се вметнати и сите забелешки дадени од страна на Државниот завод за ревизија од објавениот извештај.

Главна цел на оваа Влада, посочи, е да работи во интерес на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, зачувување на животната средина и да носи одлуки со кои што ќе излезе во пресрет на барањата, не само на граѓаните, туку и на бизнис заедницата.

Како клучни новини во новиот предлог закон ги истакна намалувањето на износот на глобите за субјектите, доколку согласно Законот за трговските друштва се класифицирани како микро и мали трговци, додека за останатите трговци, класифицирани како средни и големи, износот на глобата во поголемите прекршоци се предлага да биде зголемен и додавањето oснов за раскин на договорот за концесија,  доколку концесионерот екплоатира помалку од 20 проценти од предвидената количина на минерална суровина согласно главниот рударски проект.

-Последната измена ќе стапи на сила од 1 јануари 2022 година со што концесионерите ќе имаат можност да ги усоглаат рударските проекти по кои моментално работат. Се додава и одредба според која, концесија не може да му се додели на правно лице кое учествувало на јавен повик за доделување на концесија, а не го платил понудениот надоместок, истакна Бектеши.

Се овозможува, додаде, и општините да поднесат барање за добивање на концесија за експлоатација за потребите за изградба на општински пат, по утврдената постапка за изградба на државните патишта.

-Покрај тоа, барање за доделување на концесија за експлоатација на сопствено земјиште може да се поднесе и за глина по истите услови и постапка како и за песок и чакал и за собирен кварц. Се додава и обврска за известување во случај на промени во уделите или акциите кои поединечно или во збир би довеле до промена на управувачкиот пакет во друштвото кој е мнозински сопственик кај субјектот кој има концесија, посочи Бектеши.

Воедно, како што кажа, се додаваат обврска со кои концесијата за експлоатација може да се раскине заради битна повреда на одредбите од договорот или на законите и прописите што се применуваат на договорот, во случај кога вршењето на експлоатацијата го нарушува јавниот интерес и кога концесионерот врши експлоатација надвор од просторот на кој е доделена концесијата со договорот за концесија.

-Основ за раскин на договорот за концесија е и доколку концесионерот екплоатира помалку од 20 проценти од предвидената количина на минерална суровина согласно главниот рударски проект, во текот на една година, освен доколку концесионерот достави образложение за причината за намалената експлоатација, кое го разгледува комисија формирана од Министерството за економија. Се уредува и начинот на полагање на испитот за добивање на лиценца за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, посочи Бектеши.

Во делот на наплатата на концесиските надоместоци, прецизира, се доуредува одредбата со која 78 отсто од платениот концесискиот надоместок е приход во буџетот на општината на чија територија се врши концесиската дејност, во насока дека прибавените средства по овој основ треба да бидат наменети за вршење на општествени или комунални дејности од интерес за општината и граѓаните кои живеат таму.

-Се предвидува назначување на одговорно лице за надзор на инсталацијата за отпад од минерални суровини и се прецизираат условите за висината и рокот на важење на финансиската гаранција од членот 96 од Законот и се предвидува преодна одредба со која концесионерите имаат рок од две години да ја достават, во спротивно еднотрано ќе се раскине договорот за концесија, потенцира ресорниот министер.

Најави дека откако ќе биде усвоено ова законско решение во Собранието, Министерството за економија нема да прифати мислења кои нема да имаат образложение. На тој начин, како што истакна, општините и советите на општините ќе бидат обврзани да разговараат со граѓаните од населените места каде се издава концесијата и да достават образложение до Владата и Министерството за економија без разлика дали е позитивно или негативно мислењето што го даваат. Во мислењето од општината, прецизира, ќе мора да стои дали е разгледано и одобрено од одборите на граѓани во населените места.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.