Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Усогласени измени на Статутот на Судот на правдата на ЕУ: Пораст на бројот на тужби

0
By Ана Василевска on December 8, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на ЕУ и Европскиот парламент доцна синоќа постигнаа договор за предложените реформи на Статутот на Судот на правдата на Унијата, чија цел е да се подобри начинот на негово функционирање во услови кога тој се соочува со постојан пораст на бројот на тужби, од кои некои се однесуваат и на сложени и чувствителни прашања, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според Европскиот совет, овие нови измени на Статутот ќе му овозможат на Судот на правдата поголема ефикасност во работењето преку искористување на претходната судска реформа со која беше зголемен бројот на судии во Општиот суд.

Општиот суд е составен дел од Судот на правдата на ЕУ, пред кои се водат најголемиот дел од споровите во првостепена инстанца иницирани против институциите на Унијата од страна на поединци или земјите членки. Пресудите на Општиот суд се обжалуваат пред Судот на правдата.

Со новите измени се овозможува префрлање на јурисдикцијата за првостепени пресуди во дополнителен број области на Општиот суд, додека во надлежност на Судот на правдата остануваат прашања поврзани со начелата на Унијата, како што се договорите за функционирање на ЕУ или Повелбата за основните права.

Области кои со реформата доаѓаат под јурисдикција на Општиот суд се заедничкиот систем на ДДВ, прашања поврзани со акцизите и царинските правила и тарифници, компензации и помош на патниците во случај на доцнење, откажување или одбивање на транспортни услуги, како и тргувањето со дозволени емисии на стакленички гасови.

Исто така, се воведува и „едношалтерски систем“ во покренувањето на тужби, со тоа што сите иницијативи ќе се доставуваат до Судот на правдата, кој потоа  ќе ги проследува до Општиот суд прашањата од неговите јурисдикција.

Дополнително се проширува и Механизмот за филтрирање на жалби воведен во 2019 година, со тоа што за случаи кои се веќе разгледани и од Независниот одбор за жалби и од Општиот суд, ќе биде можна жалбена постапка пред Судот на правдата само доколку тие прашања се поврзани со правото на ЕУ и се значајни во однос на неговото единство, конзистентност или развој.

Реформата предвидува и зголемена транспарентноста на постапките, на тој начин што по изрекување на пресудата ќе бидат објавувани и писмените поднесоци на странките, освен ако на тоа се спротивстави засегнатата страна. Се проценува дека на овој начин ќе се зголеми одговорноста и ќе се зајакне довербата во ЕУ и во европското право.

Усогласениот текст на реформите на Статутот на Судот сега треба да биде и формално усвоен од страна на Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

Инаку, иницијативата за измена на Статутот ја покрена самиот Суд на правдата во декември минатата година.

Судот на правдата на ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.