Со 5 гласа „за“ и 4 „против“, Уставниот суд ја прифати иницијативата претседателот да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, дознава НОВА од извори блиски до Судот.
Предлогот којшто е ставен на дневен ред на денешната седница која започна во 9 часот, следува по отворањето на случајот „Титаник“ од страна на Специјалното обвинителство во кој осомничени се високи функционери во ВМРО-ДПМНЕ: екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и уште пет други лица.
Во 2009 имаше измени на овој Закон и со тогашните измени претседателот веќе немаше можност да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности.
Иако Специјалното обвинителство побара притвор за функционерите, Судот го одби предлогот на Обвинителството и ги отфрли жалбите на одлуката на Судот.