Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре Бела ноќ во Скопје по 13. пат

0
By Нова ТВ on October 6, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 7 октомври по 13 пат во Скопје ќе се одржи „Бела Ноќ“, а организаторите најавуваат „поскромна“, но квалитетна програма, насочена низ неколку точки во градот.

Во Галеријата на Младинскиот кулрурен центар – МКЦ ќе биде големата  изложба на генијалниот Салвадор Дали, кој  ги илустирал познатите басни како „Гавран и лисица“, „Коњи и волк“, „Лавовиот  двор“, „Болниот елен“. Оваа серија бакрорези е создадена во 1974 година и е печатена на 250 графички табли, кои се чуваат во многу галерии низ целиот свет.

Ќе бидат изложени и дела од опусот „Вечерите на Гала“, „Божествена комедија“, и познатите Далиеви коњи, како и една скулптура во позлата, наречена „Жена жирафа“. Вкупно 29 дела од овој мајстор на уметноста. Изложбата е организирана во соработка со уметничката галерија „Висконти“ од Љубљана и Централноевропскиот културен центар од Нови Сад.

На Плоштадот Македонија, во 21:00 часот, корејската трупа Tago&АtoBIZ ќе го претстави својот музички спектакл, перформансот „Таго: Корејски тапан 2“, кој е виден во целиот свет, на сите континенти, на најпрестижните театарски фестивали во Европа и светот. Перформансот на 30-ина актери, танцувачи, изведувачи и членови на оваа светска атракцијаќе трае 70 минути.

Ова гостување во рамките на Бела ноќ е во соработка со фестивалот МОТ, т.е. во МОТ+ програмата.

Во горното фоаје на кино Фросина, во Младинскиот Културен Центар ќе биде поставена изложбата „Сексот и револуцијата“. Авторскиот тим Катерина Станковиќ – Бјеговиќ, ликовна уметничка и Јелена Живковиќ, историчарка, ги претставуваат љубовните тајни на некои од најголемите имиња на револуциите.

Жените ги кратат косите и здолништата, а мажите бараат карта повеќе за последното седиште во кината. Роза Луксембург во Берлин му пишува на драгиот Лео писма и бара повеќе секс, заедно со револуцијата. Марлен Дитрих игра на шанк на геј-клубовите и носи различни жени и мажи во кревет. Врвот на сексуалната револуција бил во 60-те, низ социјално превирање и антивоеното движење.

На платото на Младинскиот културен центар ќе настапат:

– Barbarisms – тричлен бенд од Стокхолм, предводен од американскиот композитор Николас Фараоне;

– Conquering Lion – даб/реге/кросовер бенд од Тетово, кој своето творештво го започнува во април 2007;

– Ninos Du Brasil – перкусионистичко италијанско дуо, со позадина од бразилската карневалска музика;

Во Дансинг салата на МКЦ свој настап ќе имаат:

I TPAME I TVRAME од Албанија, промоција на албумот Future Attitude

UJ PA GAZ од Албанија, LIVE

KANTON6 од Скопје, LIVE

NINO NAUMOV од Скопје, DJ Set

Во Џебното Кино на МКЦ најавен е соло-настапот на Alex Jønsson од Данска, наградуван гитарист, композитор и импровизатор.

Во рамките на филмскиот маратон во кино Милениум ќе биде прикажан новиот филм на режисерката Теона Стругар Митевска.

Возењето во градските автобуси на ЈСП кои сообраќаат кон централното градско подрачје, од 19:00 часот до раните утрински часови, исто, ќе е бесплатно.

13. Бела ноќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.