Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре на Илинден, во Јабука крај Панчево, во православниот храм Св. Пророк Илија прва литургија на македонски јазик за Македонците во Србија

0
By Marija Todorovska on August 1, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На барање на македонската заедница во Србија, утре на Илинден во Јабука крај Панчево, во православниот храм Св. Пророк Илија, ќе се одржи првата литургија на македонски јазик од македонски свештеник.

Црковната литургија ќе ја одржи јеромонахот Дионисиј Богев од манастирот Беркасово во Срем, за што има добиено благослов од надлежните епископи на Српската православна црква (СПЦ), сремскиот епископ Василиј и банатскиот епископ Никанор, надлежен за црквата Св.Пророк Илија во Јабука, каде има најголема концетрација на македонци во Србија.

-Историскиот чин на првата литургија на македонски јазик во Србија се одржува на иницијатива на Националниот совет на македонското национално малцинство (НСМНМ), по повеќемесечни наши заложби и по барање на македонската заедница, а по добиениот благослов од архиепископот на МПЦ-ОА г.г Стефан, како резултат на соработката меѓу МПЦ и СПЦ, изјави секретарот на  Македонскиот национален совет, Марјан Јовановски од Нови Сад.

Првата историска литургија на македонски јазик во Србија во местото Јабука ќе се одржи во рамки на централното одбележивањето на 2-ри Август кој е признат како национален празник за македонското малцинство во Србија, со полагање свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во истоименото основно училиште и со свечана седница на Македоскиот национален совет.

Досега во Србија беа одржани повеќе заеднички литургии и сослужувања на црковни лица од СПЦ и МПЦ-ОА, но ова е прв пат да се одржува самостојна литургија на македонски јазик, од македонски свештеник на СПЦ.

Литургија македонски јазик св илија Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.