Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре на суд: Премиерот Груевски го тужи Петковски

0
By Нова ТВ on July 1, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Никола Груевски го тужи претседателот на НСДП, Тито Петковски за клевета затоа што во октомври минатата година за неделникот Фокус изјавил дека Груевски со официјално писмо до генералниот секретар на Обединетите Нации во 2008 предложил новото име да биде Република Македонија – Скопје.

Тоа се измислени факти, се вели во во тужбата, во која се бара Петковски да плати отштета во висина од 15 илјади евра за нанесување штетна на честа и угледот на Груевски, јавува телевизија Телма.

“Мојот предлог Груевски јавно да соопшти, односно да го повтори својот став од 2008 година, Груевски го доживеа како штетно по неговиот углед и чест.

– Особено што тужителот секогаш изјавува дека нема да прифати ниту едно решение за проблемот на името без спроведување референдум. Повредата на честа и угледот „кај тужителот предизвика јака душевна болка која може да се излекува само со 950 000 денари или со 15 000 евра.

– Се разбира таквата душевна болка нема наод на вешто лице – психијатар. Искрено, се до овој момент живеев во убедување дека парата не ја лечи душата,“ вели Петковски.

Тито Петковски вели дека Груевски продава лажен патриотизам наместо да ја обедини нацијата и државата барајќи консензус за прашањата од национален интерес и го повотри својот став дека додека Груевски е на власт, Македонија нема да влезе во Европската Унија и НАТО.

Првото рочиште по тужбата на премиерот Никола Груевски против Тито Петковски ќе се одржи утре.

Непосредно по прес конференцијата на Петковски од Центарот за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ пристигна реакција:

– Изјавите на Тито Петковски ниту се пишувани од ВМРО-ДПМНЕ ниту му се сугерирани од ВМРО-ДПМНЕ туку, претпоставуваме дека се лично тврдење или став на господинот Петковски. Ако тој е сигурен во своите изјави и тврдења и ако не ја лажел јавноста нема зошто да се плаши од можноста да ги докаже истите во предвидена законска постапка. Тој е единствениот пратеник во македонското Собрание што на седница на Собранието побарал
промена на државното име на Република Македонија.

– Тито Петковски е еден од предводниците и гласноговорниците на опозицијата токму на оваа тема за спорот со Грција. Знаејќи ја неговата историја на ставови и неговите лични врски ние од него никогаш и не очекуваме поодговорен пристап, но јавноста ја заслужува вистината, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.