Европската унија се подготвува утре да усвои нови санкции за Русија поради нејзината улога во конфликтот во Украина.
Според европскиот портал ЕУОбзервер, европските дипломати го подготвуваат текстот на санкциите кој треба да биде усвоен утре. Порталот јавува дека овие санкции ќе имаат економски ефект и ќе ја погодат руската економија. Оваа година тие ќе ја чинат Русија 23 милијарди евра и дури 75 милијарди во 2015 година што изнесува 4,8 отсто од бруто националниот приход на земјата.
Неделникот Економист пресметал дека руските фирми ќе имаат загуба која може да изнесува 744 милијарди евра.
Но, истовремено и ЕУ ќе биде погодена од овие санкции поради забраните на пазарите за одбрана и висока технологија.
Европската комисија пресметала дека ЕУ ќе загуби 40 милијарди евра оваа година и 50 во 2015 година. Се очекува дека Русија на овие санкции се возврати со нејзини санкции кон ЕУ. Се очекува дека најпогодена ќе биде Италија и другите јужни членки на ЕУ:
